X
 01.08.2018 Технологија

Подгответе се за првиот вештачки метеорски дожд

Јапонска старт-ап компанија ќе може да создава метеорски дожд на небото до 2020 година.

Јапонската компанија вели дека создала технологија што може да го создаде првиот вештачки метеорски туш во светот. Компанијата „АЛЕ“ вели дека скоро е завршена технологијата потребна за спектакуларно шоу на небото - било каде и било во кое време.

Програмата работи со користење на микро-сателити. Овие мали сателити можат да носат до 400 топчиња што изгледаат како ѕвезди што паѓаат. Овие топчиња горат по влегувањето на атмосферата на Земјата, а сјајот е доволно светол за да се види од Земјата.

туш
Фото: Flickr


- Природните ѕвезди што паѓаат се случуваат кога честичките од прашината од неколку милиметри во големина, влегуваат во атмосферата на Земјата и горат поради емисијата на плазмата - објаснува компанијата.

-Ние го создаваме метеорскиот туш така што користиме специјално дизајнирани микросателити - додаваат од компанијата.

Првиот сателит ќе биде испратен во март наредната година. „АЛЕ“ очекува да оди во вселената преку ракета од јапонска вселенска агенција. Вториот мини сателит ќе биде испратен во вселената кон средината на 2019 година преку ракета од приватниот сектор. Крајната цел е да бидат во орбитата до февруари 2020 година и да создаваат метеорски туш над Хирошима пролетта 2020 година.

-Нашата цел е целиот свет, бидејќи нашата резерва од ѕвезди ќе може да биде испорачана низ целиот свет - вели главниот извршен директор на „АЛЕ“, Лена Окаима.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија