Аферата „Кембриџ аналитика“ се чини како да ја отвори Пандорината кутија кога станува збор за приватноста на корисниците на „Фејсбук“.
Според новите податоци што ги објави „Њујорк тајмс“, „Фејсбук“ имал посебни договори со над 60 различни компании, меѓу кои и „Епл“, „Амазон“, „Мајкрософт“ и „Самсунг“, со кои на овие компании им бил овозможен пристап до големи количини приватни податоци од корисниците.
Фото: ЕР
Партнерските договори им овозможиле на компаниите пристап до податоците на корисниците и нивните пријатели, без никакво согласување од корисниците. Загрижува тоа што некои компании можеле да дојдат до приватни податоци дури и ако пријателите на корисниците забраниле какво било споделување.
Иако по аферата со „Кембриџ аналитика“, „Фејсбук“ раскина некои од тие договори, повеќето и понатаму се важечки. Проблемот е тоа што партнерствата со повеќето се договорени со различни производители на хардвери, паметни уреди и таблети, а тие уреди сами по себе собираат многу приватни податоци во својата меморија.
Од „Фејсбук“ тврдат дека договорите со овие компании се сосема различни бидејќи користат платформа различна од произведувачот на апликации. Но откриено е дека некои од компаниите можат да видат дали корисниците се слободни, можат да ја дознаат нивната религиска припадност, политичките уверувања и настани што сакаат да ги посетат.
- Тоа е како да сте ставиле врата со
катанец, а потоа сте откриле дека браварот им го дал клучот на сите негови пријатели и тие можат да дојдат и да чепкаат по вашите работи без ваша дозвола - искоментира поранешниот шеф на технологија во „Ашкан Солтани“.