„Фејсбук“ е бесплатна социјална платформа. Можете бесплатно да отворите свој профил и да почнете да го користите. Наместо да ви зема пари, оваа социјална мрежа заработува така што ви сервира огласи со надеж дека ќе кликнете на нив.
А колку повеќе го користите и колку повеќе пријатели имате, толку е потешко да го напуштите. Затоа, економистите одлучиле да се обидат да откријат колку на луѓето им е навистина вреден нивниот фејсбук-профил.
Тие искористиле серија аукции во кои на луѓето навистина им платиле да ги затворат своите профили на една година и откриле дека луѓето ќе го деактивираат својот профил на 365 дена за 1.000 долари.
Истражувачите спровеле три аукции, а победниците се платени откако докажале дека навистина ги деактивирале своите профил.
Резултатите покажале дека студентите ставиле највисока вредност на „
Фејсбук“, како и дека одреден број луѓе одбиле да учествуваат во аукција покажувајќи дека напуштањето на „Фејсбук“ воопшто не била опција за нив.