X
 01.08.2021 Живот

Јапонските гробишта на дрво стануваат популарна алтернатива

На светот му недостига простор за да закопаат мртвите, па луѓето бараат решенија за животната средина и за достоинствено испраќање на луѓето во вечноста.

Во Хонгконг ова значи изградба на вертикални гробишта и охрабрување за кремирање, а во пошироката област на Сиетл, ова значи нудење услуги за починатите да бидат претворени во компост. Слично на тоа, Јапонија промовира „Јумокусо“ или „гробишта на дрво“, како алтернатива за традиционалните гробови.

1
Гробиштата „Окунион“ во Којасан, Јапонија/Фото: Instagram

Овој релативно нов концепт првпат бил предложен во 1999 година од храмот Шунџи во Северна Јапонија. Според концептот, починатиот треба да биде кремиран, а потоа неговата пепел ќе се закопа во земја каде што ќе се засади дрво наместо надгробен споменик. Оваа опција им дава можност на семејствата да ги извршуваат истите религиозни ритуали што традиционално би ги правеле доколку би имало гроб - почитувајќи ја будистичката култура во Јапонија, но истовремено грижејќи се за природата.

2
Гробиштата Јанака, Јапонија/Фото: Instagram

Друга причина за зголемувањето на популарноста на гробиштата на дрво е тоа што не чини многу. Јапонија има една од најниските стапки на наталитет во светот, а многу возрасни луѓе не можат да си дозволат да ги закопаат нивните починати родители, баби и дедовци поради скапите традиционални погребни практики.

Сè повеќе луѓе бараат еколошки погребни места за починатите и овој вид погреб се чини дека создава совршена рамнотежа.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот