X
 20.11.2021 Живот

Жителите на Фиренца може да си „посвојат“ дрво

Жителите на Фиренца може да „посвојат“ маслинка во рамките на проект чија цел е да ги спаси овие дрвја од умирање од негрижа. Освен тоа, проектот треба да ги поттикне граѓаните да одгледуваат свои маслинки и да произведуваат сопствено органско маслиново масло, пренесува „Грин“.

Во рамките на иницијативата ќе се создаде посебен сертификат за органското масло кое жителите ќе може да го користат или продаваат.

- Наша мисија е да ги спасиме стеблата маслинки, но и да ја заштитиме територијата на која сè повеќе ѝ се заканува хидрогеолошка нестабилност. Во ридските подрачја не може да се индустријализира производството на масло, маслинката е еколошко наследство - посочил Томасо Дами, еден од основачите на иницијативата.


Фото: Pixabay

Во регионот Тоскана има 4 милиони напуштени стебла маслинки. Со оваа иницијатива се очекува да се отворат нови работни места, да се чуваат напуштените маслинки и да се зголеми производството на тосканското екстра девствено маслиново масло.

Жителите што се заинтересирани за посвојување маслинка треба да се регистрираат на веб-страница и да потпишат договор за соработка со одговорните лица. За 49 евра, тие може и да му доделат име на своето дрво.

Досега успешно биле спасени речиси 700 дрвја, а во моментов е и сезоната на берење.

Извор: Green
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот