X
 26.01.2019 Живот

Белград наскоро ќе добие гробишта за домашни миленици

Главниот град на Србија, Белград, наскоро ќе добие гробишта за домашни миленици откако кон крајот на декември беше усвоен и урбанистичкиот проект за локацијата.

Просторот на кој ќе се наоѓаат идните гробишта е парцела од 1,5 хектар, а ќе има и паркинг. Според проектот, планирана е изградба на шумско-парковски гробишта со уредени гробни места, сообраќајници и придружни објекти.

Комплексот функционално ќе биде поделен во три целини: предна или административна зона, средна зона за погребување и задна зона каде што ќе биде сместен објектот за управување со лешовите на милениците.

Административната зона претставува и административен објект кој ќе им служи на корисниците за завршување на процедурите околу преземањето на остатоците, организирање погреб и испраќање на милениците.

Во средната зона ќе бидат само гробишта, но и можност за изградба на објекти со компатибилна намена, како комеморативен центар, капела и верски објект, како и објект со локали во функција на гробишта, додека во задната зона ќе има објект со технички простории, ладилници и крематориум.

Вкупниот капацитет на гробиштата ќе биде над 2.300 места.

Сè уште не е сигурно кога ќе почне изградбата на комуналниот објект, а доколку нема одложувања, во текот на оваа година може да се очекува тендер за избор на изведувачите и почеток на работите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот