X
 01.08.2022 Економија

Ова се земјите со најевтин бензин во светот

Цените на горивото растат речиси насекаде низ светот поради ситуацијата во Украина. Но, може да се изненадите од ниската цена на бензинот во некои земји. Ова се државите со најевтини цени на бензин според податоци од страницата „Глобал петрол прајсес“.

Венецуела

Венецуела, иако е сиромашна, има големи нафтени резерви и фосилни горива, па затоа цената за нешто помалку од 4 литри бензин изнесува 0,08 долари.

Либија

Оваа северноафриканска земја е втора на листата на најевтини земји кога станува збор за бензинот. Цената за 3,8 литри бензин е 0,11 долари.

Иран

Оваа земја е помеѓу земјите со најголеми нафтени резерви. Иранците плаќаат 0,20 долари за 3,8 литри бензин.

Сирија

Сирија е во граѓанска војна над една деценија. И покрај ова, во земјата може да купите 3,8 литри бензин за 1,08 долари.


Фото: Pixabay

Алжир

Во оваа земја, 3,8 литри бензин може да се купат за 1,19 долари.

Кувајт

Оваа земја има големи нафтени резерви и евтино гориво. Жителите плаќаат 1,29 долари за 3,8 литри бензин.

Ангола

Во оваа африканска нација, 3,8 литри бензин чинат околу 1,40 долари.

Нигерија

На нигериските бензински пумпи може да купите 3,8 литри бензин за 1,57 долари. Оваа цена сепак се смета за висока во земјата каде сиромаштијата е голема.

Туркменистан

Во оваа држава, цената за бензинот изнесува околу 1,62 долари за 3,8 литри.

Казахстан

Казахстан е последната земја на листата со цена за 3,8 литри бензин од 1,63 долари.

Извор: Factor finders
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија