Ако ви е потребно такси, кај нас е доволно да се повика по телефон или едноставно да мавнете со раката на улица. И во соседните земји е слично, а и во Русија. Но, како е во останатиот дел од светот?
Бидејќи Англичаните отсекогаш биле посебни, истото важи и за нивните такси-возила. Имено, таму морате да седнете на задното седиште, а од возачот сте одделени со стакло. Ако се обидете да седнете напред, Британците тоа ќе го сметаат за непотребно и за непристоен обид на интимизација. Кај нас, пак, е сосема вообичаено да седнете покрај возачот.
Што се однесува до Франција, доколку пластичниот натпис „ТАКСИ“ е осветлен, значи дека автомобилот е слободен и може се запре. Но, доколку во близина се наоѓа такси-станица, голема е веројатноста таксито да не застане бидејќи очекува оттаму да земете такси. Исто така, кога ќе влезете, задолжително кажете „бонжур“, а обичај е и да оставите 10 отсто бакшиш.
За разлика од Европа, во Јапонија луѓето користат железничка или подземна или надземна. Затоа таксито таму е луксуз и луѓето ретко го користат. Се повикува на телефон, а јапонските таксисти секогаш возат во бели ракавици.
Што се однесува до Египет, поточно Каиро, неодамна се воведени и такси-возила само за жени.
Во Куба
таксистите сами доаѓаат до вас ако ве видат на улица, како и во повеќето земји од третиот свет, така што се советуваат туристите да бидат внимателни.