X
 01.09.2016 Образование

Конфуциј: „Човек што сторил грешка и не ја поправа, прави друга грешка“

Принципите на кинескиот учител и филозоф Конфуциј сѐ уште соодветствуваат на верувањата и традициите на Кинезите. На глобално ниво, низ светот филозофот сѐ уште се цитира и сѐ уште се учи од неговата мудрост.

Прочитајте 12 негови мудрости за образованието и учењето:

„Нели е задоволство да го истражуваш и практикуваш она што си го учел? Нели е исто така одлично кога нѐ посетуваат пријатели од далечни места? Ако човек остане смирен кога не е разбран од луѓето околу него, нели е мудрец?“

„Дома младото момче треба да биде добар син, надвор треба да ги третира другите како браќа; однесувањето треба да му е соодветно и да е од доверба; треба да го сака народот во целина и да биде во близина на луѓе со добрина и моралност. Ако по сите овие нешта има енергија за споделување, треба многу да чита за да се надградува.“

„Слушам и заборавам. Гледам и паметам. Правам и разбирам.“

„Оној што се истакнува во учењето може да има и вистинска кариера.“

„Образованието предизвикува самодоверба. Самодовербата ја храни надежта. Надежта поттикнува мир.“

„Човек што сторил грешка и не ја поправа, прави друга грешка.“

„Мудроста се учи со три методи: преку рефлексија, што е најблагородно; со имитација, што е најлесно и со искуство, што е најгорчливо.“

„Не е можно некој да подучува други, ако не може да си го подучи сопственото семејство.“

„Кога ќе видете достојна личност, обидете се да ја имитирате. Кога ќе видете некој недостоен, истражете го вашето внатрешно себе.“

„Суштината на знаењето е ако го имате, да го примените, а ако го немате, да го признаете вашето незнаење.“

„Акумулирајте ново знаење додека мислите на старото и можеби ќе им станете учител на другите.“

„Ако чекорам со двајца други, барем од еден од нив ќе можам да научам.“ 
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование