X
 19.01.2019 Живот

Древна мудрост на тибетанските монаси: Приказна што ќе ве научи на смиреност и трпеливост

Живеел некогаш еден тибетански монах кој важел за свет човек. Кај него оделе да се советуваат луѓе од најоддалечените краеви, а важел за личност која секогаш била смирена и човек кој не било можно да се навреди.

Слушнал некој лош човек за овој монах и решил да оди и да го тестира. Отишол кај него и штом го видел, започнал да го навредува и да го понижува на најлош можен начин.

Откако ги истрошил сите навредни, застанал за момент и сфатил дека монахот и понатаму е смирен и прибран како и пред неговото доаѓање.

Тоа многу го изнервирало лошиот човек, па продолжил да пцуе уште полошо. Залудно - се чини дека ниту една навреда не допирала до мудрецот.

Кога останал без пцости и ја изгубил цела енергија, човекот решил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.

-Ги сфаќам вашите духовни работи и сфаќам дека не ви е грижа што другите луѓе мислат и зборуваат, но јас те понижив и навредив, треба да научиш да се бориш за себе - му рекол човекот.

-Синко, може да ти поставам две прашања? - го прашал монахот.

-Секако - рекол човекот.

-Ако ти ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, на кого припаѓа тој подарок? - запрашал монахот.

-Па, ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и понатаму ми припаѓа мене.

-А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреди, а јас не ги прифаќам, тогаш тие кому му припаѓаат? - заклучил мудриот човек, се завртил и си заминал.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот