Еден човек кој имал 92 години, среден, уреден и горд, иако речиси сосема слеп, се доселил во дом за стари лица. Неговата 70-годишна сопруга починала и со тоа селидбата во домот била неопходна.
По многу поминати часови чекајќи во ходникот на домот, старецот се насмевнал кога му кажале дека неговата соба е подготвена. Додека одел кон лифтот, болничарот му ја опишувал неговата мала соба.
„Ми се допаѓа“ - рекол старецот полн со ентузијазам.
„Господине, сè уште не сте ја виделе собата, почекајте да ја видите, па одлучете дали ќе ви се допадне.“
„Тоа нема никаква врска“, одговорил тој.
„Среќата е нешто за кое одлучувате однапред. Дали ќе ми се допадне собата не зависи од тоа како е наместен мебелот, туку од тоа како се наместени моите мисли. Веќе одлучив дека ми се допаѓа. Тоа е одлуката што ја носам секое утро кога се будам.
Јас имам избор: можам да го поминам денот во кревет броејќи ги тешкотиите што ги имам со деловите од телото кои повеќе не работат или може да станам од креветот среќен поради оние кои сè уште работат.
Секој ден е подарок. Додека ми се отворени очите ќе мислам на новиот ден и на сите среќни сеќавања кои сум ги одложил токму за овој период од животот. Староста е како сметка во банка. Од неа подигнувате толку колку што сте вложиле.
Мојот совет е да вложите што повеќе среќа во банката на спомените! Ви благодарам што сум ваш дел во банката на спомените. Јас сè уште вложувам!“