X
 24.11.2019 Живот

Ако секогаш се трудите да бидете нормални, никогаш нема да дознаете колку феноменални можете да бидете

Со смртта на Маја Ангелу изгубивме мудра позната писателка, поетеса и мотивационен говорник, добитничка на многубројни награди. Маја, исто така, активно учествувала во движењето за граѓански права. Работела со Мартин Лутер Кинг и Малком Х.

Еве неколку од нејзините познати цитати.

- Ѝ се восхитуваме на убавината на пеперутките, а ретко ги признаваме промените низ кои поминува за да ја постигне таа убавина.

- Повеќето луѓе не созреваат. Повеќето луѓе стареат. Наоѓаат паркинг-место, ги почитуваат своите кредитни картички, се венчаваат, раѓаат деца и тоа го нарекуваат зрелост. А, всушност, тоа е стареење.

- Имајте доволно храброст за да верувате во љубовта уште еднаш, и секогаш уште еднаш.

- Можете навистина да станете совршени во тоа што го сакате. Не дозволувајте целта да ви биде заработката. Наместо тоа, занимавајте се со работи што сакате да ги правите, а потоа правете ги толку добро, што луѓето нема да можат да го тргнат погледот од вас.

maja

- Ако секогаш се трудите да бидете нормални, никогаш нема да дознаете колку сте феноменални.

- Не можете да управувате со сите настани што ви се случуваат, но можете да одлучите да ги минимизирате.

- Не им верувам на луѓето што не се сакаат себеси. Постои африканска поговорка која вели - бидете внимателни кога гол човек ви нуди кошула.

- Сакајте го животот. Учествувајте во него. Дајте сè што сте добиле. Сакајте со страст затоа што животот навистина враќа многу повеќе отколку што сте дале.

- Секој од нас, познат или непознат, е пример некому. И ако не сме, мораме да се однесуваме така, како да сме повесели, подобри, полни со љубов, пољубезни. Бидете сигурни дека некој ве гледа и темелно ве набљудува.

- Можете да ме стрелате со своите зборови, можете да ме пресечете со погледот, можете да ме убиете со суровоста, но и покрај тоа, како воздух, ќе се кренам!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот