X
 01.09.2020 Економија

Банките може да ја одложат отплатата на кредитите уште 6 месеци, одлучи Народна банка

Народната банка, по неколку состаноци со претставници на Македонската банкарска асоцијација (МБА), информира дека банките можат да им понудат на своите клиенти и втора поволна промена на договорните услови за кредитите. Целта е да им се помогне на оние клиенти што се негативно погодени од пандемијата на Ковид-19.

- Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основа на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да им се помогне на клиентите што се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите што имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје - информираат од Народна банка.


Фото: Архива

Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

Регулаторната можност банките  да им понудат на своите клиентии втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија