X
 16.08.2018 Живот

ФБИ со важно предупредување до банките

Федералното истражно биро (ФБИ) ги предупреди банките дека може да има голем сајбер-напад и дека се очекува криминалците да ја искористат ранливоста на банкоматите и да украдат милиони или милијарди долари во текот на следните неколку дена. Според ФБИ, овој напад се очекува да биде глобален и може да погоди непознат број банкомати од различни банки.

- ФБИ доби неофицијално известување кое посочува дека сајбер-криминалците планираат да изведат глобална сплетка со банкоматите во следните денови - стои во предупредувањето на бирото.

Од ФБИ станале свесни за можниот напад кога хакерите почнале да таргетираат мали банки низ светот. Хакерите прикачиле злонамерен софтвер на банкарските системи кој им дозволувал да ги менуваат сметките на клиентите и им овозможувал да повлекуваат неограничена сума пари од банкоматите.

Оттогаш ФБИ издаде предупредување до повеќе банки во САД, иако агенцијата никогаш директно не ја извести јавноста. Блогот „Krebs on Security“ неодамна го објави предупредувањето.

- ФБИ очекува сеприсутноста на оваа активност да продолжи или да се зголеми во блиска иднина - стои во предупредувањето на ФБИ.

Предупредувањето доаѓа со неколку совети за банките како да не бидат мета на напади, меѓу кои се: ограничување на бројот на административни сметки, следење на мрежниот сообраќај за ранливи апликации или шифриран сообраќај, дозволувајќи само сигурни апликации да бидат инсталирани на нивните мрежи.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот