X
 04.09.2017 Економија

Шест гигантски банки ќе станат партнери за да креираат нова крипто-валута

Безбедноста е еден од најкритичните аспекти на банкарството и финансиите. Не само што банките треба да ги чуваат парите на сигурно туку треба и да ја одржуваат безбедноста на трансакциите, а притоа да не го забавуваат процесот на верификација.


Затоа банките и другите финансиски институции се огледуваат на децентрализираната дигитална технологија наречена „blockchain“, првично креирана за да ги поддржи биткоините. Сега, шест од тие банки одлучиле на најдобар начин да ја искористат технологијата преку партнерство на сопствени крипто-валути.

Дигиталниот коин бил развиен во 2015 година и неговата цел била да обезбеди чистење и утврдување на трансакциите низ светот преку „blockchain“. Шесте нови банки „Barclays“, „Credit Suisse“, „Canadian Imperial Bank of Commerce“, „HSBC“, „MUFG“ и  „State Street“, им се приклучиле на „UBS“, „BNY Mellon“ и уште неколку други што се дел од проектот.

Оние што стојат зад проектот велат дека „blockchain“ технологијата е една од најиновативните технологии што постојат и од неа гледаат одредени придобивки. Новата крипто-валута е закажана за крајот од 2018 година, а банките дискутираат со централни банки и регулатори во врска со неа.

Технологијата „blockchain“ може да се користи за различни цели и најверојатно е една од најдобрите во светот на финансиите.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија