X
 01.09.2021 Култура

„Кликбејт“ - нова серија што ја покажува мрачната страна на интернетот

„Кликбејт“ (англ. Clickbait) е напната мини-серија на „Нетфликс“ која ќе направи да заборавите на „Црно огледало“ (англ. Black mirror). Станува збор за приказна за сајбер-криминал поделена во осум епизоди, а која го задржува вниманието до самиот крај.

Австралиско-американската серија е за семеен човек кој е киднапиран. Адријан Грејнер го игра Ник Бруер, кој исчезнува и никој не знае каде се наоѓа. Следното утро тој се појавува во видео држејќи натпис на кој пишува дека злоупотребува жени и дека на 5 милиони прегледи ќе умре.


На подоцнежно видео држи натпис на кој пишува дека убил жена, а набргу тоа станува хит на интернет. Семејството на Ник бара начин да се започне истрага пред бројот на прегледи да ја достигне цифрата од 5 милиони.

Постепено се дознаваат нови информации и гледачите повеќе не се сигурни дали Ник бил во состојба да ги направи тие работи за кои е обвинет во видеата.

Секоја од осумте епизоди се фокусира на друг лик. Серијата, која ја напишале Тони Ајрес и Кристијан Вајт, потсетува дека не постои анонимност на интернет. На интернет, секој и сè има алгоритам, па дури и злосторството.

Извор: Klix
Фото: YouTube/Screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура