X
 01.09.2023 Живот

Зошто секое дете треба да научи да програмира?

Како родител, сигурно се прашувате зошто вашето дете треба да научи да програмира? Можеби нема да сака да стане програмер или неговата професија нема да биде поврзана со ИТ-индустријата? Мало е за да учи вакви сериозни и комплексни работи.

Ние во IQ UP! го воведовме програмирањето во нашиот уникатен образовен модел како нова писменост, нов начин или јазик на изразување, алатка за создавање креативни приказни и решенија, начин на организирање, изразување и споделување на идеите или научените концепти.

На нашите часови програмирањето е поврзано со темите што учениците ги изучуваат од областа на сите природни и технички науки. Во првиот дел од часовите учениците преку посебни методи, техники, пристапи и активности експериментираат, истражуваат, работат на реални проекти, решаваат логички задачи и проблеми, со цел да ги научат зададените наставни теми. Откако ќе го разберат наставниот материјал, наученото преку програмирање го претвораат во дигитален проект.



Блоковото програмирање што го користиме на нашите часови е адаптирано на возраста и можностите на учениците. На пример, програмирањето за најмалите е со блок-кодови илустрирани со слики, а за поголемите е со блок-кодови изразени во зборови кои ја објаснуваат логиката на кодот. Создавајќи го кодот со редење на блоковите еден по еден, освен што му задаваат команди на компјутерот да изврши одредена задача, чекор по чекор, тие навлегуваат во мисловен и креативен процес во кој развиваат многу технички и интелектуални вештини. Развивањето вештини е еден од примарните фокуси на нашата едукација, но и многу важен бенефит за развојот на учениците бидејќи овие вештини им остануваат трајно и им помагаат во секоја сфера од нивниот живот.

6 важни придобивки за децата од учењето програмирање:

Логичко размислување и решавање проблеми

Начинот на кој го интегрираме програмирањето во нашите IQ UP! едукативни програми им помага на учениците да ги визуализираат апстрактните концепти од математика, природни науки и технологија во забавен формат. Тоа им помага да го применат наученото во реалниот живот и во решавање проблеми и задачи. За да програмираат и визуелно да прикажат одреден процес или тема што ја научиле на часот, тие треба да користат логика, планирање, пробување различни концепти и решенија за да дојдат до крајното посакувано решение.



Креативност


Програмирањето, т.е. создавањето компјутерска програма е процес кој може да се спореди со пишувањето приказни или цртање цртеж. При овој процес учениците осознаваат дека постојат повеќе начини за решавање одреден проблем. Се инспирираат да ја разбудат својата креативност за да создадат уникатно решение. Преку експериментирање со кодовите осознаваат поинаков пристап кон решавање на задачите, откриваат други креативни начини за кои порано не биле свесни.

Трпение

Кога децата учат да програмираат, тие вежбаат трпение и упорност. Секогаш кога ќе направат некоја грешка во кодот или кога нешто не функционира како што треба, се враќаат назад и прават измени, бараат ново решение или го подобруваат. Но најважно е што не се откажуваат, туку учат од грешките и развиваат упорност и трпение да се обидуваат повторно и повторно сè додека не ја постигнат целта.



Самодоверба

Замислете ги задоволството и среќата што ги чувствуваат учениците кога, на пример, на часот кога учат за струјно коло, во првиот дел секој на забавен начин создал вистинско струјно коло употребувајќи најразлични извори на енергија, најразлични потрошувачи и електронски елементи, а потоа го претвора во дигитален проект преку програмирање. На тој начин учениците стекнуваат сигурност во себе и мотивација да експериментираат, да пробуваат нови работи, да истражуваат и да прават креативни комбинации без да се плашат од грешки или неуспех.
Комуникациски и организациски вештини
Како што навлегуваат во процесите и концептите на програмирањето, тие ќе работат на посложени проекти за кои им се потребни организациски и комуникациски вештини. Бидејќи работат во тимови, тие учат како да се организираат, како да ги поделат обврските и како ефективно да комуницираат меѓу себе. На тој начин го чувствуваат придонесот на секој од тимот и учат да ги почитуваат другите.



Кодирањето е ЗАБАВНО!

Во самиот процес на програмирање и создавање дигитални проекти има многу забава. Тоа е процес во кој тие уживаат, се дружат и се забавуваат. Природно, учениците од 21 век ја сакаат технологијата и постојано се изложени на неа. Кога времето поминато пред екраните е начин на учење и создавање дигитални решенија, учењето станува забава, а учениците од пасивни консуматори на дигитални содржини стануваат активни креатори.

Регистрирајте се за бесплатен ДЕМО час и откријте ја магијата на IQ UP! едукација!
УПИСИТЕ се во тек!

Регистрирајте се за бесплатен пробен час ОВДЕ или контактирајте нѐ во IQ UP! училишниот центар најблиску до вас:

IQ UP! Аеродром – 070 382 269
IQ UP! Карпош – 078 887 889
IQ UP! Велес – 075 380 443
IQ UP! Прилеп – 071 308 446
IQ UP! Охрид – 078 249 507
IQ UP! Кавадарци – 075 448 873
IQ UP! Кичево – 071 777 939
IQ UP! Штип – 079 324 249
IQ UP! Гевгелија – 077 771 708
IQ UP! Струмица – 078 340 709

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот