Компјутерските науки можеби се критичните науки за кариерите на иднината, но денешните деца не се грижат за тоа. За поголемиот дел од нив, програмирањето е уште еден предмет на кој се принудени да го учат.
Нова соработка меѓу „Code.org“ и „Лукасфилм“ би требало да помогне во случајот. Вчера, за време на годишен настан во областа на програмирањето, „Code.org“ претстави бесплатен онлајн-туторијал кој има цел да ги научи децата да градат сопствени игри базирани на ликови од престојниот „Star wars: The force awakens“.
Хероите од филмот ги водат учениците низ лекциите преку кои тие учат програмирање и дизајнирање сопствени игри со ликовите.
„Една од најважните работи за нас е компјутерските науки да ги направиме повеќе популарни, да се зголеми учеството и да се поттикнат ученици од сите возрасти и позадини да се обидат“, изјави основачот Хади Партови.
И барем досега,
интернет-страницата беше успешна во своите цели. Од 5-те милиони ученици кои се регистрирани на code.org, приближно 2 милиони се од женски пол, а приближно 2 милиони се од Латинска Америка или афро-американци.