Чувството на мачнина може да биде многу непријатна појава, особено во летниот период кога често се решаваме да одиме на долги патувања и кога мачнините се вообичаени. За среќа, д-р Каран Раџ, хирург на „НХС“ (Национален здравствен сервис на Велика Британија) и предавач на Универзитетот во Сандерленд, во видео на ТикТок“ открива дека гадењето може да се потисне на едноставен начин – и тоа со мирис на цитрус.
Во видеото, коментирал за една девојка која рекла дека никогаш повеќе не оди на патување без лимон, бидејќи тоа и помага да се намали мачнината, а Раџ се согласил со неа, додавајќи дека не само што лимонот би делувал, туку и дека може да се користи и некое друго цитрусно овошје со посилен мирис.
-Кога мирисате лимон, олфакторниот систем ги препознава аромите на цитрус. Исто така, олфакторниот систем е тесно поврзан со лимбичкиот систем кој ја регулира мачнината. Така, мирисањето на лимон го стимулира лимбичкиот систем да ја ублажи мачнината, а силната арома на лимонот го зголемува производството на плунката и празнењето на желудникот, односно тој побрзо се празни, што значи дека симптомите на мачнина ќе бидат помали - објаснил тој.
Здравствениот експерт забележува дека има уште неколку намирници кои помагаат да се намали мачнината. Како алтернатива, можеме да користиме:
-Масло од ѓумбир
-Пеперминт.
Интересно е што ги паметиме мирисите, па сосема е можно ако сте почувствувале дека мачнината ви се намалува еднаш со мирис на цитрусно овошје, големи се шансите вашиот мозок да ја има истата реакција ако го повторите тоа следниот пат кога ќе се борите со гадење. Корисниците на социјалната мрежа „ТикТок“ изјавиле дека овој трик на некои им дошол како нарачан, додека други коментираат дека има спротивен ефект.
„Се обидов да ја намалам мачнината со мирис на свежа лаванда од мојата градина. За жал, мојот мозок научи дека лаванда значи возење автомобил. Ми се гади секогаш кога ќе почувствувам мирис на лаванда", напишал еден корисник.
„Не разбирам како луѓето не знаат за ова?“, „Во мојот случај нането прави чуда“, „Ова е одлично...“, гласат дел од коментарите.
Извор: net.hr
Фото: Freepik