Хотелската компанија „Фор сизонс“ можеби го нуди најдобриот аранжман за патување на сите времиња. Тоа звучи добро за оние што сакаат да патуваат низ Јужна Америка, да одат на авантура на Антарктикот или да уживаат во луксузни ресторани на популарни дестинации.
Наредната година компанијата ќе организира патување низ светот со приватен авион кое ќе вклучува посета на Антарктикот, Мачу Пикчу, Богота, Буенос Аирес и други дестинации. Патниците ќе видат седум светски дестинации за 21 ден.
Фото: Pixabay
Патувањето започнува во хотел со пет ѕвезди во Њу Орлеанс, а потоа се лета до Костарика, па Перу и Аргентина. Следна дестинација е Антарктикот, каде што гостите ќе поминат четири дена на луксузен брод.
Следува Колумбија, каде што се предвидува уживање во концерт на филхармонијата во Богота, а патувањето завршува со сместување во луксузен хотел на Бахамите.
Цената за целиот
аранжман изнесува 190.000 долари по лице.
Извор:
luxurylaunches.com