Драг мој првороден сине,
Жал ми е што во твојот живот така изненадно влетаа твојот брат и сестра и тоа во исто време.
Жал ми е што и ти ја поднесе жртвата како и јас, па не ме виде два и пол месеци додека лежев во болница.
Жал ми е што откако се тие дома не можам да ти посветам ни блиску толку внимание како што ти посветував порано.
Жал ми е што сум често нервозна од кога станав мајка и на брат ти и сестра ти, а не само на тебе.
Жал ми е што со некои играчки не можеш повеќе да играш зошто тие ти ги зеле или скршиле.
Жал ми е што секогаш чекаш на ред за да добиеш бидејќи си постар брат.
Жал ми е што не можам да те водам секаде каде што сакаш, бидејќи не можам таму да ги водам и твоите брат и сестра.
Жал ми е што секогаш морам да те молам да донесеш или однесеш нешто, бидејќи јас тоа не го можам во моментот.
Жал ми е што не можеш да се милуваш со мене кога сакаш, бидејќи брат и сестра ти се веќе во мојот скут.
Жал ми е што те третираме како возрасен па понекогаш и очекуваме така и да се однесуваш, но ти си и понатаму мало дете.
Но, не ми е жал што не си ми единствено дете.
Не ми е жал што имаш брат со кој подоцна ќе можеш да ги споделиш сите оние работи кои можеби ќе немаш храброст да ги споделиш со мене.
Не ми е жал што имаш сестра, бидејќи таа ќе те научи како размислуваат девојчињата и можеби ќе ти даде подобар совет од мене, кога се чувствата во прашање.
Не ми е жал што тие двајца веќе те гледаат како свој пример и идол и многу те сакаат.
Не ми е жал што сега си поодговорен, понежен и што знаеш да ги насмееш и смириш подобро отколку јас.
Не ми е жал што научи да делиш и да имаш многу повеќе трпение од порано.
Не ми е жал што имаш најдобри другари за целиот живот.
Не ми е жал што секогаш имаш со кого да трчаш низ куќата кога јас и тато сме премногу уморни за тоа.
Не ми е жал што имаш не еден, туку двајца мали човечиња кои можеш да ги бакнуваш и прегрнуваш.
Затоа драг мој првороден сине, знам дека сега додека твојот брат и сестра се мали, па и ти, е тешко, забрзано и бучно, но сигурна сум и ти ветувам дека како што растете, и јас и тато заедно со вас, ќе бидете се подобри и сите идни аватури ќе ги поминуваме заедно како да сме едно.
Те сака твојата мајка.