Наставникот Греам Вајтинг, од приватното училиште Акорн во Неилсворт, побарал од своите ученици да не ги читаат книгите на „Game of thrones“, тврдејќи дека можат да го оштетат нивниот „чувствителен потсвесен мозок“, а истото го препорачува и за „Lord of the Rings“, „The Hunger games“ и „Harry Potter“ бидејќи предизвикуваат „тешко однесување кај децата“.
На родителите на неговите ученици им посоветува да не ги оставаат да читаат „мистични и застрашувачки текстови“, а наместо тоа, би требало да читаат класици.
„Сакам децата да читаат литература соодветна за нивната возраст и да ги остават тие мистични и застрашувачки текстови и прво да научат да ја сакаат убавината. Овие книги содржат длабоко бесчувствителен и зависен материјал кој сигурен сум дека охрабрува тешко однесување кај децата, и можат да го уништат нивниот потсвесен мозок“, вели тој.
„Купувањето сензационални книги е како да го храните вашето дете лажици шеќер - со што детето станува зависно и бара се` повеќе и повеќе. Децата се невини и чисти истовремено и не треба да бидат малтретирани пренатрупувајќи ја нивната имагинација која лежи длабоко во нив, со несоодветни работи“, додава Вајтинг.
Тој вели дека се залага за „старомодни вредности на традиционалната литература наместо модерната темна демонска литература.
Во ова го поддржува и Ники Елис, родител и поранешна наставничка во истото училиште.
„Апсолутно се согласувам со неговите гледишта. За мене, со читањето на книгата „Harry Potter“ и подоцна со гледањето на филмот, почувствував дека темнината на книгите е силна, такашто сигурно не е нешто на кое сакаме да ги изложиме младите деца во нивната адолесценција“, вели таа.
Таа предлага дека ваквите книги не треба да се читаат пред 12 години и ги предупредува родителите и за авторот Роалд Дал.
„Го обожавам хуморот на Роалд Дал, но постои понижувачки елемент во неговите книги. Постојат подобри книги за децата“, завршува таа.