X
 26.12.2016 Живот

Приредете им незаборавна новогодишна вечер на вашите деца

Кога ќе станете родители, прославата на Нова година со шампањско, жива свирка и лудување до раните утрински часови останува само како убав спомен на она што поминало.


Сепак, Новата година помината со децата дава поинаков, поинтимен и посебен начин на прославување. Начинот на кој тие се радуваат на првиот снег, дедо Мраз и подароците навистина не потсетува дека празниците се најубавиот период од годината. Што можете вие да направите за овие моменти да ви бидат незаборавни?

1. Дотерајте се

Што ако бидете сами дома и никој друг не ве гледа? Тоа не е важно, важно е дека тие моменти ќе останат во вашите сеќавања.

2. Светки

Малите деца ги обожаваат. Можеби куќата ќе биде во хаос, но еднаш во годината е Нова година.

3. Обезбедете некој предмет или инструмент кој прави врева

Децата ќе уживаат, а соседите најверојатно ќе ве разберат.

4. Капи за забава

Бидејќи забава без соодветна капа не е вистинска забава.

5. „Шампањско“

Малите деца сигурно нема да издржат до полноќ и ќе заспијат. Но, тоа не е пречка вие да го организирате одбројувањето и да се напиете нешто за да наздравите. На пример, сок од јаболко.

6. Новогодишна вечера

Колачи во облик на Дедо Мраз би биле посебно задоволство за децата. Потрудете се малку повеќе и подгответе свечена вечера за целото семејство.

7. Фотографирање

Не заборавајте да направите многу фотографии бидејќи децата можеби нема да се сеќаваат на прославата. Децата ќе уживаат во тоа, а и вие.

8. Дедо Мраз

Ова не смеете да го изоставите. Уште подобро е да почекате децата да легнат и додека не заспале да се појави дедо Мраз  (таткото, соседот) кој ќе им донесе подароци.

9. Задолжително да си подготвите колачи и за Дедо Мраз. И потоа да си ги изедете.

10. Уживајте во празничната магија

За децата нема подобар подарок од искрена љубов. Ако сакате нешто да им подарите, подарете им љубов, секој ден, па и на 31 декември.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот