X
 17.10.2023 Забава

За што се пишувало во 1936 година? Жена се развела поради хороскопскиот знак на мажот

Веб-страницата „Историски забавник“ на своите социјални мрежи сподели интересен исечок од белградскиот весник „Време“ од 1936 година. Станува збор за исечок од весник кој се печател уште од 1921 година. Во него има вест од Њујорк.

- Се развела од мажот само затоа што соопштил лажен датум на раѓање - наведено е во насловот на веста.

Во поднасловот се открива дека неименуваната жена не сакала да биде во брак со некој што е девица во хороскоп.

- Што ќе ми е маж роден во знак девица? - пишува во исечокот.

Понатаму во текстот се наведува дека случајот е предмет на разговор во финансиските кругови во Њујорк. Веста открива и дека судот одлучил во полза на незадоволната сопруга.


Фото: Instagram (printscreen)

Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава