Илустраторот Даниел Гарсија стои зад моќните и вознемирувачки илустрации што го прикажуваат целиот мрак во кој живее денешното општество.
- Веќе подолго време сакам да ги претставам моите најдобри дела и да укажам на проблемите во светот во кој живееме. Како нашите врски се менуваат поради технологијата? Сакаме да го спасиме светот, но колку и самите зависиме од туѓата ропска работа? Кои идеи нè ослободуваат, а кои нè закочуваат? Тоа се само некои од прашањата што сакам да ги поставам со моите илустрации - вели Гарсија.
Во неговите дела тој ги допира светската политика, екологијата, социјалните мрежи, родовата рамноправност, религијата... Во центарот е секој „мал човек“ со својата тажна и однапред изгубена
борба, за што понекогаш не е ни свесен.