X
 03.09.2018 Култура

Возачите во Германија прават нешто многу попаметно од нас

Дали некогаш сте помислиле дека Германците буквално сѐ прават подобро? Ова постојано го докажуваат со своите автомобили, но и со правилата на патиштата.

Всушност, во Германија постои „Reissverschlusssystem“, односно закон што вели дека при спојување на две ленти, возачите треба да се престројат на последната можна точка, по што ќе се спојат како запци на патент.

Системот „патент“, поточно доцно престројување, за многу луѓе може да звучи контрапродуктивно - како да ги крши сите непишани правила на патиштата при кои возачите би требало да го чекаат својот ред и да го делат патот, бидејќи е прилично лошо некој да дојде отстрана и пред сите да влета во лентата.

Но, совршено функционира. Едноставно е ефективно, колку и да ги полудува странците, па дури и постарите Германци. Оние што не оставаат возачот да се престрои од страничната лента, ризикуваат да добијат казна.

Бидејќи низ цел свет културата на возење налага да се престроите штом се приближите на главниот пат, лентата од која доаѓате останува неискористена и празна.

- Тоа прави да биде неискористена - вели професорот по возачка психологија Леон Џејмс од Универзитетот на Хаваи. Исто така, тој смета дека раното престројување има поголема психолошка тежина бидејќи тоа ги тера возачите да се надеваат дека некој ќе им дозволи да се престројат, а другите можат, но и не мора да го направат. Од друга страна, системот „патент“ диктира дека автомобилот мора да се пропушти.

Истражувањата покажуваат дека германскиот начин е поефективен. Универзитетот во Небраска спровел истражување што докажало дека овој систем може да го зголеми капацитетот на престројување за 15 отсто, додека некои други истражувања покажуваат дека може да дојде и до 20 отсто побрзо престројување.

Иако е потребна едукација на возрасните за ова правило да започне успешно да се применува (бидејќи не е ефективно ако сите не го почитуваат), вреди да се проба.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура