Словачка ни е помалку или повеќе непозната земја, бидејќи секогаш предност им даваме на Чешка или Унгарија од нејзиното окружување. Но, во продолжение ви споделуваме неколку причини зошто вреди да се посети државата со чудесна природа и прекрасни луѓе.
1. Словачка има најголем број дворци и замоци по глава на жител на целиот свет. Во државата има повеќе од шестотини дворци и замоци, а живеат нешто повеќе од пет милиони луѓе. Најпознати се дворецот во Братислава и дворецот Спиш, што има свое место и на пописот на светското наследство.
2. Во земјата има повеќе од шест илјади пештери. Најпознатите можете да ги разгледате при посетата на националните паркови, и да се уверите дека претставуваат вистински чуда на природата. Во пештерата Краснохорска има 34 метри високи сталактити поради што свое место добија и во Гинисовата книга на рекорди.
3. Главниот град на Словачка, Братислава, е единствениот град што граничи со две соседни држави, Австрија и Унгарија. Поубавиот детаљ од приказната е што Виена од Братислава е оддалечена 60 километри, така што пловејќи по Дунав до Виена можете да стигнете за 90 минути.
4. Во Словачка од 2009 година се користи еврото. Со оглед на тоа што сите соседни земји, освен Австрија, користат сопствени валути (форинти во Унгарија, круни во Чешка), овој податок им е од огромно значење на туристите, кои не мораат да се замараат со менувачници.
5. Земјата е преполна со природна убавина, а кога ќе се најдете тука, задолжително треба да одвоите време за посета на прекрасниот планински масив Татри. Неколкуте врвови повисоки од две илјади метри и езерата стари повеќе илјади години ќе ве остават без здив.
6. Тука има повеќе од 1300 извори на минерална вода и лековити термални извори. Многу од нив се користат за терапија и рекреација во рамки на спа-центрите, што во оваа држава, благодарение на долгата традиција, се прилично поволни.
7. Стариот средновековен град Левоча е дом на највисокиот дрвен олтар на светот. Висок е 18,6 метри, а широк шест метри и направен е без ниту еден клинец.
8. Подрачјето на денешна Словачка некогаш било населено од Келти, сè додека Римјаните не ги покориле. Денес, нормално, живеат Словени.
9. Низ дипломатските кругови се зборува дека еднаш месечно, службеници од словачката и словенечката амбасада се среќаваат за да ја разменат погрешно доставената пошта.
10. Надвор од државата живеат уште два милиони Словаци.
11. Словачкиот јазик често се нарекува „словенски есперанто“, бидејќи им е најразбирлив на останатите словенски народи.
12. Најстариот европски маратон еднаш годишно се одржува во Кошице, во првата недела од октомври.
13. Родителите на еден од најпознатите уметници на сите времиња, Енди Ворхол, водат потекло од источниот дел на
Словачка.