X
 01.10.2020 Наука

Снимен метеороид како се одбива од атмосферата на Земјата

Минатата недела мал метеороид ја посети Земјата, но само накратко. Вселенското тело удрило и се одбило од атмосферата на Земјата, а потоа го продолжило патот низ вселената. Ваквите метеороиди се многу ретки, а уште поретко е да се направи фотографија од нив. Но, овој од минатата недела бил снимен во видео.

За метеороидот да отскокне од атмосферата на Земјата, како што направил овој, тој мора да ја погоди под специфичен агол. Во спротивно, би изгорел во атмосферата и би се распаднал.

Кратката посета на метеороидот била уловена на камера од Глобалната метеорска мрежа која има цел да ги снима вселенските тела што ѝ се приближуваат на Земјата.



Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука