Акустичарите некогаш шпекулираат за тоа како би се воделе разговорите на други планети. Секако, би немале време ни да разговарате ако стоите на отворено на Марс: вашата крв би зоврела до смрт за неколку секунди. Но, што е со тие последни вресоци?
Без разлика на тоа каде се наоѓате, вашиот глас е производ на тоа колку брзо акустичните бранови се движат низ вашето грло и фреквенцијата на која вибрираат вашите гласни жици. Но, кога се вика во различни гасови со различни густини, истата врева добива нови форми. Еве како неколку вонземски атмосфери би можеле да го променат вашиот глас.
Земја: Азотот од нашиот воздух и оскудните молекули на јаглероден диоксид не апсорбираат многу вибрации, па звукот се пренесува добро.
Марс: Би се мачеле да бидете слушнати на Црвената Планета. Нејзината атмосфера е составена од 95 отсто јаглероден диоксид - чии молекуларни врски екстремно добро ги апсорбираат вибрациите - па дури и звучници пуштени на најјако одвај би се слушале на оддалеченост од само 9 метри. Хемијата на ладниот воздух исто така прави звукот да се движи полетаргично.
Титан: Месечината на Сатурн е свет најсличен на Земјата, но мешавината на гасови таму е околу 50 отсто погуста од нашата. Густиот, студен воздух би ги забавил вибрирањето на гласните жици и брзината на звукот, продлабочувајќи го вашиот глас и правејќи го зарипнат. Придушените тонови би патувале далеку благодарение на азотниот гас.
Венера: Густата атмосфера би го снижила вашиот глас за околу половина октава бидејќи тежината го забавува мрдањето на гласните жици. Истовремено, брановите се движат брзо низ маглата, правејќи еден вид крескање кое некогаш се споредува со Пајо Паторот.
Други светови: Другите карпести тела кои орбитираат околу нашето Сонце се виртуелно тивки. Нема доволно гас во нивните ретки или непостојни атмосфери за воопшто да ги носат звучните
бранови. Неколку места можеби ќе можат да проектираат врева од, да речеме, експлозија од научнофантастичен филм, но писоците на скала на човечки глас би изгубиле сила.