Можеби мислите дека сте способни да го скриете стресот, но ново истражување покажува дека кучињата може да го помирисаат.
Истражувачи од Универзитетот на кралицата во Белфаст спровеле експерименти со четири кучиња и 36 луѓе и заклучиле дека кучињата се способни да го помирисаат стресот во здивот и потта на човекот.
- Истражувањето посочува дека на кучињата не им требаат визуелни или аудиознаци за да го препознаат стресот кај луѓето - изјави Клара Вилсон, докторанд на факултетот за психологија при универзитетот.
Истражувањето може да помогне во откривање на начинот на кој кучињата ја интерпретираат психолошката состојба на луѓето, додала Вилсон.
Во експериментите, кучињата можеле да го препознаат стресот кај луѓето со точност од 94 отсто. Биле направени 720 теста со кучињата и луѓето.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Pixabay