Наместо да ги евтаназира сите лабораториски животни по тестирањата извршени врз нив, американската Администрација за храна и лекови сега им дозволува на засолништата и прибежиштата за животни да ги посвојат.
Моник Ричардс, портпаролка на ФДА, ја потврди промената и истакна дека агенцијата има интерна политика за сместување на животните врз кои се вршат испитувања по завршувањето на некоја студија, но сето тоа досега не било јавно.
Американските медиуми пренесуваат дека промената стапила во сила во ноември минатата година и се однесува на неколку вида животни: кучиња, мачки, зајаци, експериментални глувци и некои фармски животни.
- Нема причина животните што послужиле за истражувања, а се погодни за удомување или „пензионирање“ да бидат убиени од нашите федерални агенции. Мило ми е што ФДА им се придружи на Националните институти за здравство и Одделот за ветерани во пропишувањето на политиката на пензионирање на лабораториски животни - истакна сенаторката Сузан Колинс.
Вршењето тестови врз животни е екстремно контроверзно и тоа не само од етичка перспектива. Резултатите од тие тестирања често не важат и за луѓето, што значи дека нивната практика исто така е несигурна.
За среќа, има сѐ повеќе алтернативи и неколку американски федерални агенции работат на редуцирање на тестирањата врз животни.
Сепак, може да биде потребно време пред да можеме целосно да ја искорениме оваа практика. А дотогаш, дозволувањето животните да уживаат во животот по лабораториските тестирања изгледа многу поетички од евтаназијата.
Извор:
Futurism