X
 01.11.2017 Технологија

Слики од луѓе што никогаш не постоеле

Постои онлајн генератор за слики кој може да го претвори дури и најгрубиот цртеж на лице во најреалистичен изглед. Системот користи нов тип алгоритам за креирање на лицата преку вештачка интелигенција, а сега НВИДИА настапува со свој систем. 

Вештачките невронски мрежи се системи развиени за да ја имитираат активноста на невроните од човековиот мозок. Во новиот систем две невронски мрежи се спротивставени една на друга. Едната функционира како генеративен алгоритам, додека другата ги предизвикува резултатите од првата. НВИДИА создале дата-база која собира слики од познати лица, па од нив креира слики на луѓе што всушност не постојат. Целта била со вештачката интелигенција да се креираат лица кои изгледаат пореално, а сето тоа со помош на две мрежи. Прво се создава слика со помала резолуција, а потоа втората мрежа започнува со работа. Во текот на процесот се додаваат нови слоеви кои се занимаваат со повисока резолуција, со цел да се дојде до посакуваните слики.

Компанијата објавила и видео од целиот процес. Ако просечен човек не знае дека лицата се креирани од машина, ќе смета дека им припаѓаат на реални луѓе. Вештачката интелигенција често користи техники за длабоко учење за да произведе говор кој звучи исто како човечкиот. Исто така, се креираат и роботи кои ќе можат да ги разберат и воедно и да изразат човечки емоции, како на пример роботите „Софиа“ и „Пепер“.

Очигледно е дека сме во ера на паметни машини, а способноста на вештачката интелигенција да извршува задачи значително се подобрува.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија