Заборавете на сите станици за полнење - патиштата на блиската иднина ќе можат да го напојуваат електричниот автомобил додека возите, со што не би морале да застанувате за повторно полнење.
Израелската старт-ап компанија „Electrоаd“ работи за позелен свет со технологија која ги осовременува постојните патишта кои ќе можат да ги полнат електричните возила. Тимот веќе направи неколку успешни тестови на оваа технологија и наскоро ќе започне да ја применува во Тел Авив.
Основана со цел да се намалат глобалните емисии, „Електророуд“ ветува поефикасен, поефективен и почист начин за патување. Компанијата користи технологија која се потпира на електромагнетна индукција за напојување на електричните автомобили со обновлива енергија додека возат. Ова е основниот принцип зад безжичното напојување на паметните телефони како и четките за заби кои можат повторно да се наполнат.
Иако другите компании како „Куалком“ и „КАИСТ“ исто така работат со безжично полнење на возилото, извршниот директор на „Електророуд“, Орен Езер вели дека иако концептот е ист, технологијата е различна.
„Нашата технологија е флексибилна. Потребни се само бакар и гума, а распоредувањето е брзо и лесно“, вели тој.
Процесот на инсталација започнува со асфалтна стругалка која копа ров длабок 8 сантиметри. Друго возило ги инсталира лентите за безжично полнење и повторно го пополнува ровот со асфалт. Се инсталираат и паметни инвентори за комуникација во реално време, од двете страни на патот.
„Електророуд“ планира прво да се фокусира на јавниот превоз, пред да ја отвори платформата за приватен транзит. Компанијата успешно ја тестирала својата технологија со електричен автобус пред околу 5 месеци во Тел Авив и постави 20 метри електричен пат надвор од нивната лабораторија.
„Ние го отстрануваме изворот на енергија.
Електричната енергија ќе дојде од обновлив извор кој е префрлен на патот. Ова е навистина одржливо решение. Технологијата која ја нудиме заштедува трошоци“, вели Езер.
Сонот на Езер е да го направи цел јавен превоз во Израел да биде електричен со индуктивно полнење.