X
 01.11.2019 Живот

Кинеската покраина Хебеј ги затвора стаклените мостови

Провинцијата Хебеј во Северна Кина, по неколкуте несреќи во земјата, одлучи да ги затвори сите 32 стаклени мостови за туристите.

Стаклените мостови се замислени како футуристичка туристичка атракција, каде што човекот ќе се почувствува како да лебди. Меѓу нив е и Хонѓагу, кој важи за најдолгиот стаклен мост на светот.

Одлуката за затворање на мостовите во таа покраина следува по низата несреќни случаи, меѓу кои и најмалку два смртни случаја низ цела Кина. Со тоа, безбедноста на стаклените конструкции е доведена во прашање.

Кинеската влада ги повика надлежните да извршат сеопфатни безбедносни проверки на стаклените мостови, кои ги има околу 2.300 низ целата земја.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот