X
 06.02.2019 Технологија

Во Кина ќе се гради фабрика во која роботи ќе градат роботи

Швајцарско-шведската компанија „АББ груп“ во Шангај планира да изгради „фабрика на иднината“ во вредност од 150 милиони долари.

Како што се наведува во соопштението, оттаму планираат погонот да го отворат во 2020 година и од него да ја создадат најмодерната фабрика за роботи и софтвер на светот, во која роботите ќе градат роботи.

Во овој случај луѓето ќе ја надгледуваат работата на целиот роботски погон, а во производствениот процес ќе им помогнат познатиот робот на „АББ“, „ЈуМи“, и автомобил на автопилот, кој ќе служи за достава на потребните суровини.

Инаку, одделот на „АББ“ за роботика се занимава со производство на роботи за други фабрики, а нивните производи најчесто се користат во производство на автомобили, составување електронска опрема и во прехранбената индустрија.

Со изградбата на новата фабрика во Шангај, вложувањата на оваа швајцарско-шведска компанија во Кина ќе достигнат речиси 2,4 милијарди долари.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија