X
 07.01.2020 Живот

Кинескиот ѕид за кој не сте слушнале

Изграден пред 600 години од 350 милиони тули, ѕидот во Нанѓинг, Кина, со векови го штити градот.

Во 50-тите и 60-тите години на минатиот век ѕидот бил запоставен и делови од него почнале да паѓаат. Многу тули биле земени за изградба на други објекти. Други делови, пак, биле уништени за да се направи пат и да се помогне економскиот развој на Нанѓинг.

Но, во 2016 година локалните власти почнаа кампања во чии рамки побараа од жителите да ги вратат тулите, наведувајќи дека нема да бидат казнети за тоа. Биле вратени 80.000 тули, кои сега се чуваат во складиште под ѕидот.

Тулите биле искористени за поправање на оштетените делови од ѕидот, а многу делови се претворени во паркови каде што локалното население може да ужива.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот