X
 20.07.2015 Економија

Дали Кина е следната Грција?

Кина го одбегна падот на берзата со силна државна интервенција, но и понатаму постои грижата од долгот на кинеските компании. Најголемиот корпоративен долг на светот изнесува 16,1 милијарди долари, а истиот само расте.


„Ројтерс“ пишува за овој проблем и предупредува на криза. Во следните пет години, доколку ништо не се промени, долгот ќе порасне на 28,8 милијарди долари, проценува агенцијата „Standard&Poor's“.

Премногу генерални мерки

Интервенцијата на државата влијае на кредитирањето на компаниите. Каматните стапки се намалувани од почетокот на државата, но мерките се премногу генерални, според економистите. Поради намалените камати се зголемил бројот на кредитите и не се забележуваат знаци дека нешто значајно е вложено во профитабилните работи во реалниот сектор.

Најсилните сектори стануваат непрофитабилни

Долговите на произведувачите ги земаат нивните профити. Само во енергетскиот сектор задолженоста пораснала на 4,4 пати во однос на профитот од 2010 досега.

Инвеститорите немаат во што да вложуваат

Инвестициските фондови велат дека не може да најдат профитабилни цели за вложување, па вложуваат во краткорочни банкарски производи, а ризикот во реалниот сектор е голем.

Државата не им дозволува на неефикасните компании да пропаднат

Брзиот раст на долгот, нејаснотиите за ризикот и задолженоста се опасна комбинација. Проблемот е во тоа што државата не им дозволува на неефикасните компании да пропаднат, па пазарот не може реално да го процени долгот за кредитите да одат само во ефикасните компании.

Корпоративниот долг не се решава брзо

Големата интервенција од страна на државата е детска игра во однос на она со што се соочува државата кога станува збор за задолженоста на компаниите. Се работи за многу поголем пазар на кој ниту една голема фирма досега не пропаднала и постои ризик од многу грешки кои би претставувале голем проблем.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија