X
 01.12.2016 Образование

Совети за апсолвентите: искористете ја паметно последната година од студиите

На факултет последната година од студиите зависи најмногу од студентот. За некои тоа е четвртата година, за некои и десетата и кога ќе дојде таа се извршуваат и клучните академски обврски.

Мислењето дека последната година е „чекор до дипломата“ често и не е точно, но тоа не значи дека на апсолвентите не им се учи, туку дека имаат и други обврски. Еве неколку совети како да го искористите подобро статусот на апсолвент:

- Можеби чувствувате дека не сте социјализирани, но треба да знаете дека е многу важно да се имате контакти. Тоа е најважно за идната работа и за проекти преку кои би можеле да стекнете искуство. Искористете ги гостувањата на говорниците и предавачите на факултетот особено кога се работи за теми кои се поврзани и со студиите. Важно е да запознаете нови луѓе, чии телефонски броеви и мејлови имате, со кого сте стапиле во контакт итн. Мора да знаете дека во денешно време не можете да успеете сам, а контактите отвораат врати и за работни места.

- Вашата кратка биографија и мотивациското писмо ви овозможуваат влез на пазарот на трудот. На интернет може да најдете многу идеи како да направите да се изделуваат од другите и при аплицирање за работа не треба да очајувате ако не добиете понуда веднаш. Токму тогаш треба да се сетите и на контактите што ги имате или да пробате да се истакнете на некој друг начин, на пример, со волонтерско искуство.

- Кога завршува образовниот процес важно е и да одлучите дали вреди да бидете во контакт со поранешните партнери и дали поради тоа спречувате многу други луѓе да влезат во вашиот живот.

- Ако размислувате за преселување во друг град или држава, направете го тоа веднаш по факултетот. Ова ќе ви даде и мотив да не ги оддолговлекувате студиите и на време да почнете да си го средувате животот.

- Споредувањето со другите е губење на време. Тоа укажува само на љубомора, а поради неа нема да можете да се концентрирате на сопствените успеси.

- Чувајте ги парите. Кога сте веќе апсолвент време е да се запрашате како сте ги трошеле парите и да одлучите како паметно да ги трошите. Време е да почнете да размислувате за иднината и повеќе да штедите отколку што трошите.

- Ако не сте сигурни во љубовната врска подобро е да ја прекинете.

- Истражувањето треба да е дел од дипломскиот труд. Затоа, не брзајте само да ја напишете. Тоа е важно искуство.

- Бидете свесни и дека треба и да уживате. Со искуството што сте го стекнале ќе знаете и подобро да се забавувате, но и да го одберете најдобриот начин на забава за вас. Таа не е само по ноќните клубови.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование