Георгиј Ивановиќ Гурџијев бил познат ерменски филозоф и голем мислител. Рејна Д'Асија открива 30 совети што ѝ ги дал токму овој филозоф, кој ѝ бил татко. Факт е дека тие се вистинско богатство:
- Фокусирај го твоето внимание на себе.
- Биди свесна во секој момент што мислиш, чувствуваш и правиш.
- Секогаш заврши го она што си го почнала. Она што го правиш, прави го на најдобар можен начин.
- Немој да се врзуваш за ништо што може долгорочно да те уништи.
- Развивај ја твојата великодушност без сведоци.
- Однесувај се кон секоја личност како да станува збор за твој близок роднина.
- Среди онаму каде што си направила неред.
- Научи да добиваш и искажи благодарност за секој подарок.
- Престани да се самопроценуваш.
- Не лажи и не кради. Ако го правиш тоа, тогаш се лажеш и се крадеш самата себе.
- Не заземај многу место.
- Не прави врева и бескорисни гестови.
- Ако не поседуваш вера, барем имитирај ја.
- Не дозволувај да те импресионираат силни личности.
- Не присвојувај ништо и никого.
- Дели рамномерно.
- Не заведувај.
- Јади и спиј само толку колку што е неопходно.
- Не зборувај за твоите лични проблеми.
- Не суди и не дискриминирај кога не ги знаеш повеќето факти.
- Не склучувај непотребни пријателства.
- Немој да се продаваш.
- Почитувај ги договорите што си ги потпишала.
- Биди точна.
- Не завидувај на успесите на другите.
- Зборувај го само она што е неопходно.
- Немој да
мислиш само на погодностите што ќе ти ги донесе твоето дејствување.
- Никогаш не заканувај се.
- Оствари ги ветувањата што си ги дала.
- Во текот на расправијата, стави се на местото на другиот.
- Признај ако некој те надмине.
- Не следи ги трендовите.
Фото: Freepik