ФИФА постојано воведува нови технологии за подобро организирање и спроведување на фудбалските натпревари на големите првенства, како што е Светското првенство во фудбал кое се одржува во моментов во Катар.
Најновата иновација во фудбалската технологија се крие токму во топката. Имено, топките што се користат на натпреварите во Катар користат внатрешни сензори кои ја следат нејзината позиција и брзина во реално време. Сензорите во топката се поврзани со систем на камери кои ја следат топката, како и 29 различни точки на телото на секој играч. ФИФА ја нарекува оваа технологија „полуавтоматизирана офсајд технологија“.
Оваа технологија им помага на судиите инстантно да ги проверуваат офсајдите во натпреварот, како и головите и другата акција на теренот. Оваа технологија веќе играла улога во натпреварот помеѓу Португалија и Уругвај, во кој било одлучено дека Бруно Фернандеш го дал голот за кој се мислеше дека е постигнат од Кристијано Роналдо. Технологијата покажала дека Роналдо сепак не ја допрел топката пред таа да влезе во голот.
Сензорите во топката кои ја овозможуваат технологијата треба да се полнат како и секој друг уред. Фотографија која стана популарна на интернет покажува како се полнат топки за натпреварите. Очигледно, нивното полнење е слично како она на мобилните телефони.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Twitter