X
 14.08.2016 Технологија

Кои се технологиите на иднината?

Доколку се вратиме назад во 2001 година, тешко е да се замисли колку различен беше светот. Глобалната интернет пенетрација изнесуваше само 5%, во споредба со 50% денес, а брзината беше фрустрирачки бавна. Мобилните телефони беа прилично честа појава, но не беа способни за ништо повеќе освен телефонски повик и СМС порака.

 

tehnologija


Дури и ако имавте интернет, немаше многу избор, освен проверката на меилот и основни сервиси за информации. Многу луѓе мислеа дека „Amazon“ нема да преживее. Социјалните медиуми, секако, не можеа ниту да се замислат.

Ако напредокот од тогаш се чини неверојатен, тогаш промената во наредните 15 години ќе биде уште поголема. Додека постигнувањата во последните 15 години воглавно е лоцирана во виртуелниот свет, тогаш до 2031 година ќе видиме промени и во физичкиот свет.

1. Нови компјутерски архитектури

Уште до 1965 година, кога Гордон Мур ги даде неговите предвидувања за двојното зголемување на транзисторите, технологијата има напреднато во уредно темпо. Инженерите беа во можност да предвидат, со висок степен на сигурност, што ќе биде можно во годините што доаѓаат.

Истражувачите работат напорно да ги усовршат старите дизајни со нови, меѓутоа потребно е да се развијат фундаментално нови компјутерски архитектури. Две вакви архитектури се веќе во нивната напредна фаза на развој. Првата користи квантни ефекти за да создаде компјутери кои имаат потенцијал да бидат милион пати помоќни од оние денес. Втората, невроморфните чипови, го имитира дизајнот на човечкиот мозок, што е милијарда пати поефикасен од сегашната компјутерска технологија.

Комерцијалната примена на овие нови архитектури се'уште е далеку, меѓутоа веќе се работи на нивниот прототип. Во период од 10 години, може да се очекува целосно да ги трансформираат карактеристиките на компјутерите и што тие можат да направат.

2. Генетика


Кога човечкиот геном за прв пат беше декодиран во 2003 година, чинеше 3 милијарди долари. До 2031 година, можеме да очекуваме секвенционирање на човечкиот геном целосно, за помалку од 100 години. Тоа експоненцијално намалување на трошоците ќе создаде нови светови на можности. Веќе го знаеме огромното влијание на генетиката врз медицината, особено во лекувањето на рак. До 2031 година, овие техники, заедно со нови третмани како имунотерапиите кои помагаат во сопствената одбрана на телото против тутморот, ќе го направи ракот високо излечива болест.

Технологијата наречена „CRISPR“ овозможува прецизно уредување на гените која ќе ни овозможи да произведуваме синтетички организми, кои ќе дејствуваат како мобилни фабрики. Со вметнување на правилните гени во микроорганизмите како што се бактериите и алгите, ќе бидеме во можност да создадеме различни производи, вклучувајќи ги и оние кои сега се направени од нафта, како пластиката.

3. Нанотехнологија


Во 1959 година, кога физичарот Ричард Фајнман ја откри идејата на нанотехнологија - инженерство на атомско ниво, сето тоа се чинеше како научна фантастика. Денес, таа стана реалност, со нови материјали на атомски размери како што е графенот и квантните точки кои отклучуваат целосно нови можности.

Идната примена на нанотехнологијата е преголема. Една особено возбудлива област се материјалите програмабилни на молекуларно ниво. Ова е уште една област во подем, но до 2031 година ќе можеме да преземеме нови дизајни за физички производи на многу ист начин на кој го преземаме софтверот денес.

До 2031 година можеме да очекуваме нанороботи кои ќе бидат инјектирани во нашиот крвоток и ќе бараат клетки на ракот, патогени па дури и специфични клетки за нивно лекување.

4. Складирање на енергија

Еден од најпознатите занемарени трендови во текот на изминатите 40 години е напредувањето во складирање на енергија. Литиум-јонските батерии за прв пат беа развиени во 1970 година, и тие постојано се подобруваа и во густина на енергијата и во трошоците. За да се сфати влијанието на овие напредувања, земете го во предвид фактот што батеријата зазема 90% од тежинат аи волуменот на лап топот.

Сега замислете шест пати поголема батерија. Јасно е дека мобилната револуција би била невозможна без помали и поевтини батерии кои ги имаме денес. Обновливите извори на енергија, како што се ветерот и сончевата енергија исто така треба да бидат споени со поефикасни батерии, за времиња кога сонцето нема да сјае и ветерот нема да дува.

Литиум-јонските батерии се доближуваат до теоретските граници и истражувачите работат напорно за идентификување на технологија која ќе биде замена.

5. Роботика

Друга област на брзиот напредок е роботиката. Во минатото, роботите се користеле само во тешките индустрии, каде се чувале подалеку од луѓето поради безбедносни причини. Но, денес роботите започнуваат да работат рамо до рамо со луѓето.

До 2031 година можеме да очекуваме роботите да преземат поголема улога во секојдневниот живот. Изработени од полесен и поиздржлив материјал, тие ќе можат да комуницираат со нас на многу природен, речиси човечки начин.

Она што ќе биде интересно во следните 15 години е дека за разлика од изминативе 15, кои во голема мера беа дефинирани од дигиталната технологија, напредокот ќе влијае и ќе произлезе од голем број области.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија