02.01.2020
Живот
Машина ги претвора стаклените шишиња во песок
Скршете го шишето од пивото и спасете ги плажите на Нов Зеланд. „Ди-би Експорт Бир“ инсталира машини за кршење шишиња, во кои можете да ги ставите шишињата од пивата и тие за момент стануваат песок.
Од секое шише се создаваат 200 грама песок. Секој грам помага во зачувувањето на плажите.
Песокта од плажите е многу барана во градежништвото и нејзиното отстранување од плажите предизвикува ерозија на почвите, па во блиска иднина можеби песокта од шишињата може да стане замена.
Подготвил: Билјана Арсовска