X
 17.08.2022 Здравје

Зошто одењето по песок е здраво за луѓето?

Сите знаат дека пливањето е добро за телото, но постои уште една активност што ја правиме на летување која е добра за телото, а тоа е одењето боси по песок. Постојат повеќе поволности од оваа активност.

Тренинг за мускулите

Одењето по песок е необична активност за телото, а вклучува неколку мускулни групи одеднаш. Во активноста се активираат стапалата, нозете и стомакот.

Согорување калории

Според истражувањата, при одење по мека и нерамна површина може да се согорат повеќе калории отколку при одење по рамна површина бидејќи се активираат повеќе мускули.


Фото: Pixabay

Расположение

Докажано е дека одењето по песок го поттикнува производството на ендорфин, хормонот на среќа. Затоа одењето по песок ни го подобрува расположението и може да го намали ризикот од депресија.

Природен спа-третман

Песокот е одличен природен пилинг. Контактот на стапалата со песокот ја поттикнува циркулацијата на крвта и лимфата, а тоа  превентивно дејствува за појава на васкуларни болести.

Намалување на стресот

Во телесно ориентираните терапии постои концептот на „заземјување“. Ова е контакт на телото со земјата. Тоа помага да ги пополните резервите со енергија, да го намалите стресот, да го стимулирате нервниот систем, па дури и да го подобрите квалитетот на сон.

Извор: Novosti
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје