Најдобрите цитати од Махатма
Ганди откриваат зошто тој е неофицијално познат како татко на индиската нација. Ганди бил убиен на 78-годишна возраст на 30 јануари 1948 година.
Но, неговото инспиративно наследство изградено врз неговите стратешки кампањи за граѓанска непослушност живее како светилник на надежта за угнетените и маргинализираните луѓе низ целиот свет.
- Најдобриот начин да се пронајдете себеси е да се изгубите во службата на другите.
- Секогаш кога ќе се соочите со противник, освојте го со љубов.
- Кога би можеле да се промениме, би се промениле и тенденциите во светот. Како што човекот ја менува сопствената природа, така се менува и односот на светот кон него.
- Живеј како да ќе умреш утре. Учи како да ќе живееш вечно.
- Не треба да чекаме за да видиме што прават другите.
- Иднината зависи од она што го правите денес.
- Кога она што го мислиш, она што го велиш и она што си се во хармонија, тоа е среќа.
- Прво те игнорираат, потоа ти се смеат, па те тепаат и на крајот ти победуваш.
- Дури и кога си малцинство од еден човек, вистината и понатаму е вистина.
- Стравот е непријател. Мислиме дека е омразата, но всушност стравот е тој што е непријател.
- Мирот е најмоќното оружје на човештвото.
- Подготвен сум да умрам, но не постои причина за која сум подготвен да убијам.
- Љубовта е најсилната моќ што ја поседува светот, а истовремено е и најскромната што може да се замисли.
- Никој не може да ме повреди без моја дозвола.
- Задоволството лежи во напорот, а не во постигнувањето. Целосниот напор е целосна победа.
- Онаму каде што има љубов има и живот.
- Око за око ќе го направи цел свет слеп.
- Вашите верувања стануваат ваши мисли, вашите мисли стануваат ваши зборови, вашите зборови стануваат ваши постапки, вашите постапки стануваат ваши навики, вашите навики стануваат ваши вредности, вашите вредности стануваат ваша судбина.
- Земјата обезбедува доволно за да ги задоволи потребите на секој човек, но ниту една алчност на човекот.
- Ненасилството е оружје на силните.
- Победата постигната со насилство е еднаква на пораз бидејќи е моментална.
- Не смеете да ја изгубите вербата во човештвото. Човештвото е како океан; ако неколку капки се валкани, нема целиот океан да се извалка.
- Слабиот никогаш не може да прости. Простувањето е атрибут на силниот.
Извор:
Yourtango.com
Фото:
Wikipedia