X
 01.01.2025 Живот

Цитати што се извор на инспирација и успех: „Искуството е тежок учител затоа што прво го дава тестот, а потоа лекцијата“

Вистинскиот мотивациски цитат може да ги промени работите и да ви помогне да ги отфрлите изговорите, да ја избегнете удобната зона и да преземете акција. Ви нудиме неколку такви цитати што ќе ве поттикнат да работите на себе, да се стремите кон успехот, а да учите од неуспехот.

- Не е најсилниот од видовите тој што преживува, ниту најинтелигентниот, туку оној што е најотворени за промени - Чарлс Дарвин.

- Среќата не е нешто готово. Таа доаѓа од вашите сопствени постапки - далај-лама.

- Она што го правите прави разлика, а вие треба да одлучите каква разлика сакате да направите - Џен Гудал.

- Успешниот воин е просечен човек, со ласерски фокус - Брус Ли.

- Ќе се соочите со многу порази во животот, но никогаш не дозволувајте да бидете поразени - Маја Ангелоу.

- Не е важно колку бавно одите сè додека не застанувате - Конфуциј.

- Вашето време е ограничено, не трошете го живеејќи го животот на друг - Стив Џобс.

- Најголемата слава во живеењето не лежи во тоа што никогаш не паѓаме, туку во станувањето секогаш кога ќе паднеме - Нелсон Мандела.

- Насочувајте го лицето секогаш кон сонцето, така сенките секогаш ќе паѓаат зад вас - Волт Витман.

- Кога ги менувате мислите, не заборавајте да го промените и вашиот свет - Норман Винсент Пил.

- Постојат три начини за врвен успех: Првиот начин е да се биде љубезен. Вториот начин е да се биде љубезен. Третиот начин е да се биде љубезен - Мистер Роџерс.

- Искуството е тежок учител затоа што прво го дава тестот, а потоа лекцијата - Законот на Вернон Сандерс.

Извор: Times of India
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот