Никола Тесла бил српско-американски пронаоѓач, инженер, футурист и физичар, најпознат по неговите придонеси во создавањето на современата наизменична електрична енергија.
Неговото наследство до ден денес живее во книгите, радиото, филмот, телевизијата, музиката, театарот, па дури и во стриповите и видео игрите. Тој е инспиративен лик кој не успеал да се здобие со слава и богатство во текот на неговиот живот. Меѓутоа, влијанијата од неговите пронајдоци го променија нашиот свет. Ова се некои од неговите најмудри цитати.
„Не се грижам затоа што ми ја украдоа идејата... Се грижам затоа што немаат сопствена“.
„Ако сакате да ги пронајдете тајните на универзумот, размислувајте во рамките на енергијата, фреквенцијата и вибрацијата“.
„Научниците денес размислуваат длабоко наместо да размислуваат јасно. Човек мора да е разумен за да размислува јасно, затоа што човек може да размислува длабоко и да биде доста луд“.
„Денот кога науката ќе започне да го проучува не-физичкиот феномен, ќе направи поголем напредок во една деценија отколку во сите претходни векови на своето постоење“.
„Ако вашата
омраза може да се претвори во електрична енергија, таа ќе го осветли целиот свет“.
„Мојот мозок е само приемник, во универзумот постои група од која можеме да стекнеме знаење, сила и инспирација. Јас немам влезено во тајните на ова јадро, но знам дека постои“.
„Она штo сега го сакаме е поблизок контакт и подобро разбирање помеѓу поединците и заедниците од целата Земја, како и елиминирање на егоизмот и гордоста која секогаш се стреми да го фрли светот во првобитно варварство и судири... Мирот може да дојде само како природна последица на универзалното просветлување“.
„Мислам дека не постои никакво возбудување кое може да помине преку човечкото срце како чувството на еден пронаоѓач кога ќе оди кон успехот... ваквите чувства прават човек да заборави на храната, сонот, пријателите, љубовта, се'“.
„Нашите доблести и нашите неуспеси се неразделни, како силата и материјата. Кога ќе се разделат, човекот не постои повеќе“.
„Нека иднината ни ја каже вистината, и нека го оцени секој според неговите дела и достигнувања. Сегашноста е нивна; иднината, за која работев навистина напорно, е моја“.
„Се' она што е големо во минатото било исмевано, осудено, победено, потиснато - но, тоа само се појавувало се' повеќе и помоќно, се' потриумфално од самата борба“.
„Животот е и секогаш ќе остане равенка која не може да ја реши никој, но која содржи одредени познати фактори“.
„Жедни сме за нови сензации но наскоро стануваме рамнодушни кој нив. Чудата на вчера се денешни чести појави“.
„Пронајдокот е најважниот производ на креативниот мозок на човекот. Крајната цел е целосно усовршување на умот над материјалниот свет, искористување на силата на човечката природа на човечките потреби“.
„Индивидуалноста е минлива, расите и нациите доаѓаат и си одат, но останува човекот“.
„Она што еден човек го нарекува Бог, друг човек го нарекува закон на физиката“.
„Големите моменти се раѓаат како одлична можност“.
„За восхит се фактите во врска со оваа поврзаност - изгледа како самиот Создател електрично да ја дизајнирал оваа планета“.
„Секако, некои планети не се населени, но друг се, а помеѓу нив мора да постои живот сите услови и фази на развој“.
„Научникот нема за цел непосредни резултати. Тој не очекува дека неговите напредни идеи ќе бидат веднаш прифатени. Неговата работа е како онаа на фармерот - за иднината. Неговата должност е да ги постави темелите за оние кои треба да дојдат и да го покажат патот“.
„Но инстинктот е нешто што го надминува знаењето. Ние несомнено имаме одредени пофини влакна кои ни овозможуваат да ја согледаме вистината како логичeн заклучок или било кој друг намерен, а залуден напор на мозокот“.
„Од сите нешта, најмногу ги сакам книгите“.