X
 03.07.2017 Живот

Лејди Ди: „Семејството е најважното нешто во светот“

Прицезата Дијана  остана запаметена поради нејзиниот стил, љубов и начинот на кој таа ги воспитуваше нејзините синови - Вилијам и Хари. Но, најмногу е запаметена по нејзиниот развод со Чарлс, трагичната смрт и мудростите и покрај нејзините млади години.

Таа беше човек кој веруваше во позитивната енергија. Светот се заљуби во нејзината искреност и страст кога зборуваше за семејството и љубовта. Ова се некои од нејзините мудри мисли.

„Семејството е најважното нешто во светот“.

„Велат дека е подобро да си сиромашен и среќен отколку богат и мизерен. Јас сум за компромис - умерено богат и променливо расположение“.

„Направете случаен акт на добрина, без очекување за некаква награда, знаејќи дека еден ден некој друг би можел да го направи тоа за тебе“.

„Најголемиот проблем во светот денес е нетолеранцијата. Секој е нетолерантен кон другиот“.

„Кога си среќен, можеш и тоа како да простиш“.

„Сите ние треба да покажеме колку се грижиме еден за друг, и во процесот, да се грижиме за себеси“.

„Не одам по пишаните правила... Водам со срцето, не со главата“.

„Не сакам скапи подароци; не сакам да ме купат. Имам сè што ќе посакам. Сакам некој да биде постојано покрај мене, да направи да се чувствувам сигурно и безбедно“.

„Луѓето мислат дека на крајот од денот мажот е единствениот одговор. Всушност, работата која исполнува е многу подобра за мене“.

„Ако најдеш некој кој ќе го сакаш, тогаш задржи ја таа љубов“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот