X
 02.02.2015 Живот

Ноам Чомски: Зошто треба да обрнеме внимание на животната средина?

...интересот на општата популација е да се зачува човечкиот живот; интересот на корпорациите е да направат профит - ова се фундаментално различни интереси“

Во серија на дискусии во Роу, Масачусетс, во почетокот на 1989 година, Ноам Чомски, големиот лингвист и политички дисидент, беше запрашан дали мисли дека има развивања во изминатите неколку децении кои се нови на меѓународна сцена, за кои луѓето треба да бидат свесни.

Дел од неговите одговори се вистинити и денес, после 25 години.

„Според мене, постојат најмалку две навистина големи нешта кои се нови: првото е промената во меѓународната економија, а другата закана е поврзана со животната средина - која повеќе не може да биде игнорирана, бидејќи доколку соочувањето се одложи, ништо нема да остане од историјата на човештвото“.

Се разбира, на секој човек му е развиена свеста за климатските промени и многуте закани кои таа ги наметнува, такашто повеќе не се смета за „нов развој“.

И покрај тоа, голем дел од јавноста одбива да ги прифати доказите дека климатските промени се човечко-управуван феномен или пак дел од нив ја отфрлаат идејата дека човекот може нешто да преземе околу тоа. Ова е застрашувачко, особено затоа што ја одложува акцијата на проблемот на кој очајно му е потребно нашето внимание.

Чомски укажува на алчноста на економските практики, како еден од главните проблеми.

„Реалноста е дека под капиталистички услови - што значи максимизирање на краткорочната добивка - ние на крајот ќе ја уништиме животната средина: единственото прашање е кога. Веќе долго време можевме да се преправаме дека животната средина е бескраен извор и бесконечност.

Нитуедно од овие не е точно, такашто сега се приближуваме до точка кадешто повеќе не можеме да ја играме оваа игра“.

Што можеме да направиме?

„Справувањето со овој проблем бара големи општествени промени од речиси незамислив вид. Ова бара големо социјално планирање, затоа што само прашање на време е кога планетата ќе стане место во кое не ќе може да се живее. Ова значи дека треба да се направат огромни социо-психолошки промени доколку сакаме човечкиот род да преживее подолго време.

Моќта, вечи Чомски мора да се вкорени во големи делови од населението.

„... ако луѓето можат да учествуваат во социјалното планирање - тогаш тие веројатно ќе го сторат тоа во однос на нивните сопствени интереси, такашто можеме да очекуваме одлуките да се одразат на тие интереси. Интересот на општата популација е да се зачува човечкиот живот; интересот на корпорациите е да направат профит - ова се фундаментално различни интереси“.

Откако Чомски го изнесе неговото мислење, еден човек во публиката возврати: „Во индустриско општество... луѓето мораат да имаат работни места“, на што Чомски одговори:

„Секако, но работните места не бараат уништување на животната средина. Ако имате партиципативно социјално планирање, а луѓето се обидуваат да работат во рамките на сопствените интереси, тие ќе сакаат да ги балансираат можностите за работа со квалитетот на работата, со видот на енергија на располагање, со условите за лична интеракција и со потребата човек да биде сигурен дека неговите деца ќе преживеат.

Меѓутоа овие фактори едноставно не се во мислите на директорите на корпорациите - тие едноставно не се дел од агендата. Всушност, доколку извршниот директор на „General Electric“ започне да донесе вакви одлуки, тој ќе биде исфрлен од работното место за три секунди - бидејќи овие работи не се дел од неговата работа.

Неговата работа е да направи профит, не да се осигура дека животната средина ќе преживее или дека неговите работници водат пристоен живот“.

За Чомски ова прашање се сведува на судир на интереси. Постои огромен поттик за корпорациите да продолжат да ги користат истите изврои на енергија и истите методи на производство, дури и ако тие значат уништување на животната средина во која живееме.

Корпорациите не се грижат за луѓето и нивното здравје; тие не се грижат за животните ниту пак за растенијата; тие се грижат за профит.

Ако не постои драстично движење на населението, овој мотив за профит ќе продолжи да ја пустоши нашата планета. Ова е страшната реалност со која човек мора да се соочи веднаш.

Ова движење мора да биде во голем обем. Неколку големи групи заедно нема да го решат проблемот.

„... сега мора да ги направиме големите одлуки за тоа како ќе произведуваме енергија - бидејќи ако продолжиме да произведуваме енергија со согорување, човечкиот род нема да преживее многу долго. Да, оваа одлука бара социјално планирање: тоа не е нешто што едноставно може да се случи само од себе. Како на пример, можете да одлучите да ставите сончева енергија и нешто друго во вашиот дом, но тоа не помага. Ова е одлука која функционира само во голем обем“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот