Можеби ќе ве изненади фактот што Јужна Кореја заедно со Финска се наоѓа на врвот на листата на земји чиишто ученици имаат најдобри резултати на тестирањата.
Образовниот систем на оваа азиска земја може да им одржи вредни лекции за образованието на многу земји низ светот, бидејќи тамошните деца не „бубаат“, туку учат со разбирање, што носи значително подобри резултати.
Пред 50 години, Јужна Кореја се опорави од граѓанска војна, а образовниот систем бил на доста ниско ниво. Меѓутоа, со правилни реформи и паметни вложувања, оваа земја успеала да постигне неверојатни резултати. Денес, секој граѓанин во Јужна Кореја е писмен, а 85% од децата после средно училиште се запишуваат на факултет.
Нивните ученици постигнуваат врвни резултати на PISA тестирањата, па заедно со финска се наоѓаат на прво место.
1. Важна разлика во пристапот на материјалот
Нашите училишта, за разлика од азиските, се центрирани на програмата, што значи дека целта на постоењето на училиштата е да ја предадат програмата која ја дава државата. Иако во теорија ова би можело да биде добар пристап, во пракса тоа значи дека наставникот во дневникот пишува дека е обработена нова лекција, иако повеќето деца воопшто не разбираат за што станува збор. Често се случува во дневникот да се најде лекција којашто воопшто не е предадена, а на децата им е кажано да ја научат дома.
За разлика од нашите професори, професорите од Јужна Кореја се трудат на децата да им објаснат за тие да го сфатат секој збор. Право пропорционално на тоа, тие очекуваат и високи резултати, а за оваа земја е карактеристично што учениците учат во текот на цела година. Дури и кога не се на училиште, тие имаат дополнителна наставан. Можеби е напорно за младите, но тука доаѓа до важната разлика.
2. Краток период на мачење за долгорочно уживање
Јужнокорејските деца учат многу повеќе од нивните врсници во европските земји, но затоа постигнуваат подобри резултати. Нивната култура е таква што талентот не се смета за нешто со кое човек е роден, туку нешто на коешто се работи, па затоа веруваат дека со напорна работа и труд може да се постигне сето тоа. После училишната настава, децата продолжуваат со учење со приватни професори, кои едно време со закон биле забранети за да не се создава голема разлика меѓу богатите и сиромашните деца. Но, децата се спремни да го изодат овој макотрпен процес на образование, бидејќи знаат дека на крајот ги чека добра работа со соодветна плата.
Нашите деца се свесни дека работата не им е загарантирана без оглед на тоа колку учат, па затоа во последно време стануваат индиферентни на образованието и образовниот систем.
3. Се вложуваат многу повеќе пари
Јужна Кореја вложува во сите нивоа на образование околу 7.6% од БДП. Парите прават огромна разлика.