X
 12.03.2015 Култура

Италијанскиот писател Умберто Еко објави нов роман

Италијанскиот писател Умберто Еко, автор на класичниот роман од современата литература „Името на розата“, го објави новиот роман „Нулто издание“ во кој тој се занимава со „Мусолини, медиумска измама, озборување и убиство“.

 

eko


Ова е седми роман на овој писател, есеист, филозоф и лингвист, а веднаш после објавувањето, книгата стана апсолутен хит во Италија, искачувајќи се на врвот на листата на бестселери.

Главниот лик е неуспешниот писател Колона, губитник кој прифаќа добро платена работа, која може од корен да го промени неговиот живот. Во април 1992 година Колона во Милано ја прифаќа понудата како писател во сенка да напише книга за година дена во фиктивниот весник „Домани“.

Редакцијата има задача во текот на годината да произведе десетина симулации на неговите „Нулти изданија“, на кои, за жал, не им било судено никогаш да излезат во печат. Шестмина новинари и уредници само треба да измислуваат сензационалистички написи во кои се предвидуваат политичките и социјалните немири и се разоткриваат шокантни вистини кои можат да го уништат угледот на богатите и моќните. Целиот проект е спонзориран од страна на ексцентричниот магнат кој со уцен9и сака да го купи патот до клубот на богатите.

Паралелно се случува и приказната за Мусолини и неговите љубовници во 1945 година.

Еко книгата започнал да ја пишува во 1994 година, но некои ликови премногу потсетувале на оние од претходниот роман „Фукоово клатно“ од 1988 година поради што одлучил привремено да го остави. Во меѓувреме го напишал „Баудолино во 2000 година и во 2004 година го напишал „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура